Барса не помислува да го продаде, а тој вечерва ќе игра на Арената во Скопје

Македонската репрезентација за фудбалери до 21 година вечерва од 18.45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје има тежок дуел против Шпанија, а според квотите во Sport Life, гостите се огромни фаворити, квотите за победа на Црвената фурија се мали.

Избраниците на Боби Милевски сигурно нема да истрчаат со бело знаме и ќе има што да покажат против гостите кои се ослабени, но сепак во своите редови имаат двајца талентирани фудбалери на Барселона, од кои едниот вреди многу и затоа клубот не ни помислува да го продаде.

Станува збор за Рики Пуиг, кој во финишот на сезонава честопати беше стартер покрај Лионел Меси и дружината. Пуиг е најголемата шпанска ѕвезда која ќе се појави во младата репрезентација на Шпанија, а кандидат за настап е и уште еден познат играч, Карлес Алења, кој исто така е член на Барселона, а играше како позајмен за Бетис.

За наша среќа, нема да играат Ансу Фати од Барса, Феран Торес, кој премина во Манчестер сити, и Ерик Гарсија, кој веќе е таму. Тие се повикани да играат за сениорската репрезентација на Шпанија, како и ѕвездата Дани Олмо од Лајпциг, кој исто така има право на настап за младата селекција иако има 22 години.

- Оглас -

Најнови вести