7.8 C
Skopje
петок, 13 февруари 2026

Барса не знае што ја снајде во Мадрид, ова се нема случено цели 73 години

Атлетико Мадрид одигра фуриозни 45 минути и во полуфиналето на Купот на кралот води со убедливи 4-0 против Барселона. Ова на каталонскиот клуб му се нема случено од 1953 година, кога исто така губел на полувреме со 4-0 од Реал.

Уште во третата минута домаќинот најави што ќе се случува. Антоан Гризман со мајсторски потег ја исфрли од игра целата одбрана на Барса, а Симеоне излезе сам пред голманот Гарсија, кој овојпат успеа да спаси сигурен погодок.

Само три минути подоцна, шок за Каталонците. По безопасно враќање на топката од Ерик Гарсија кон голманот Жоан Гарсија, топката му помина под ногата и заврши зад гол-линијата. Иако акцијата продолжи и Лукман ја затресе мрежата, беше јасно дека станува збор за бизарен автогол.

Атлетико продолжи да гази. Во 14-тата минута, по корнер на Барселона, следуваше брз контранапад. Гризман во завшницата му ја протна топката низ нозете на Кунде за 2-0.

Барселона се обиде да возврати. Во 20-тата минута Фермин ја погоди гредата по корнер, а само три минути подоцна Хулијан Алварез пропушти зицер – во контранапад не успеа доволно да ја подигне топката и беше блокиран.

Во 33-тата минута, веќе веше 3-0. Брза, течна акција по десната страна, топката се движеше како по конец, а Алварез несебично го проигра Лукман, кој без проблеми реализираше.

Тренерот Флик реагираше и уште во 37-та минута го внесе Левандовски во игра, обидувајќи се да разбуди нешто во нападот. Барселона до крајот на полувремето изгледаше нешто поорганизирано, Фермин повторно се закани, но далеку од нивото што се очекува во ваков натпревар.

Круната на брилијантното полувреме на Атлетико пристигна пред паузата, уште една акција по десната страна преку Симеоне, Лукман му врати на Алварез, а Аргентинецот силно ја закова топката во мрежата за неверојатни 4-0.

Вистинска фудбалска лекција од Атлетико во првите 45 минути.

- Оглас -

Најнови вести