Барселона нема да има доволно играчи за дозволените пет замени против Алавес, бидејќи во Виторија пристигна со само 13 фудбалери и три голмани.
Јасно е дека треба да се одигра последниот меч во Ла Лига сезонава без посебни амбиции, бидејќи вицешампионската круна не може да му побегне на ланскиот шампион, а на тронот веќе ги замени Реал Мадрид.
https://twitter.com/elchiringuitotv/status/1284428979945037824?s=20
Лионел Меси и Луис Суарес се во составот што ќе настапи денеска од 17 часот, но нема голем дел од стандардните играчи што е шанса за Алавес да го изненади фаворитот.
Последното коло не одлучува ништо во битката за врвот и за местата во Лигата на шампионите, бидејќи веќе се знае дека Реал Мадрид е нов првак, а во луксузното европско клупско натпреварување покрај нив и Барселона ќе играат и Атлетико Мадрид и Севилја.