Барса нема намера Нејмар да го врати во клубот

Бразилецот Нејмар има голема желба, но Барселона нема намера да го врати на „Камп ноу“. Клубот очигледно има поинаква визија за својата иднина и бара помлади офанзивни засилувања, како Александер Исак, Луис Дијас и Рафаел Леао.

Со оглед на финансиските предизвици на Барса, дури и ако Нејмар пристигне како слободен агент, неговата возраст и честите повреди можеби се главните причини зошто не влегува во плановите на каталонскиот гигант.

Нејмар претстојните шест месеци ќе ги одигра во матичниот клуб Сантос откако се раздели со саудискиот Ал-Хилал.

Од друга страна, многу се шпекулира и за враќањето на Меси. Ако тоа навистина се случи, ќе биде интересно да се види како ќе се обликува тимот за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести