Барса одби 100 милиони евра за Ансу Фати!

Барселона одбила понуда од 100 милиони евра за тинејџерот Ансу Фати, тврдат медиумите во Каталонија. Понудата стигнала минатиот четврток од засега неуменуван европски гигант, а одговорот на претседателот Бартомеу бил краток и јасен: Фати не е на продажба!

Тинејџерот на само 16 години блесна во дресот на Барселона на почетокот од актуелната сезона и го привлече вниманието на јавноста, а клубот нема намера да се откаже од младиот офанзивец кој во иднина треба да биде меѓу главните играчи на екипата. Фактот што Барселона нема средства да го ангажира Нејмар е дополнителна причина што шпанскиот првак не дозволи преселба на Фати.

Каталонците во летниот преоден рок ќе се обидат да го наполнат буџетот со продажба на неколку играчи, меѓу кои се Усман Дембеле, Самуел Умтити, Иван Ракитиќ, Артуро Видал, Нелсон Семедо и Филипе Кутињо, па затоа без многу размислување ја одбиле „стотката“ за Фати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести