Барселона се намачи и само еден постигнат гол, стигна до победа над Динамо Киев. За каталонскиот гигант ова беа први три бода, дури во третото коло од овогодишното издание на Лигата на шампионите.
Жарарт Пике беше стрелец на првиот гол за Барса сезонава во ЛШ, кој донесе три бода. Пике ја затресе мрежата на гостите по асистенција на Жорди Алба, што значи дека тоа беше соработка на двајца дефанзивци.
Со овој погодок Пике влезе во историјата на Барселона како најстар стрелец во ЛШ. Тој има 34 години и 260 дена и за 19 дена го надмина досегашниот рекорд што го држеше Силвињо (34 години и 241 ден) на дуелот против Шахтар во декември 2008 година.
Во вториот меч кој заврши денеска, Салцбург со 3:1 го победи Волфсбург. Адејеми донесе водство за Салцбург, а Нмеча израмни за 1:1 на полувреме. Во вториот дел Окафор со два гола донесе голема радост за Салцбург, кој е лидер во групата со седум бода од три меча. Волфсбург остана на два бода освоени во првите две кола.