Синоќешната објава на Барселона дека при голот на Фермин Лопес против Шахтар, топката летала со брзина од 230 километри на час, предизвика многу коментари бидејќи ако тоа е точно, станува збор за светски рекорд.
Има ли 20-годишниот Фермин толку силен шут? Голот погледнете го ТУКА.
Најголемата брзина измерена при постигнат гол беше 210 км/ч, а стрелец беше Рони Хеберсон од Спортинг Лисабон во 2006 година. Испаѓа дека фудбалерот на Барса го надминал тој топовски удар за цели 20 километри на час, што делува нереално.
Објавата уште стои, што значи дека Барса тврди дека брзината била таа, а не на пример 130 километри на час, што за многумина е пореално.
Скептиците не веруваат ни дека шутот на Рони бил со таа брзина која е објавена. Според нив, тешко дека фудбалска топка може да се движи побрзо од тениско топче. Во тенисот постојано се мери брзината на сервисот, а светскиот рекорд е над 245 км/ч.
Љубителите на фудбалот паметат бомбардери како Роберто Карлос, Хулк, Роналд Куман, Златан Ибрахимовиќ, Адријано, а ако Фермин ги надминал, секој чест, ама делува нереално.
Ова е шутот на Рони од 2006, кога топката одела со 210 км/ч: