Барса поднесе жалба за арбитражата на Начевски и Николов

Ракометниот клуб Барселона се чувствува лошо третиран од македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски во полуфиналето на Лигата на шампионите во саботата, па клубот поднесе формална жалба до Европската ракометна федерација, иако се свесни дека не може ништо да сменат со ова.

Координаторот за ракомет на Барселона, Жоан Марин, и тренерот Карлос Ортега сметаат дека Николов и Начевски имале различни аршини при досудувањето фаули на двете страни.

„Го изразивме ставот на Барса директно до ЕХФ, до раководителот на натпреварувањата. Поднесовме жалба за судењето, кое верувам дека не беше на ниво какво што сите би очекувале за настан за кој сите веруваме дека е најдобар во светот. Не се лош пар, но не мислам дека беа на ниво, а ние очигледно се чувствуваме оштетени од судењето. Која е целта на поднесувањето на оваа формална жалба? Никоја. Само ги изразуваме нашите чувства. Знаеме дека тоа нема никаква важност“, рече Марин.

- Оглас -

Најнови вести