Барса понуди размена, Атлетико му ги затвори вратите на Гриезман

Атлетико Мадрид наводно одби да го врати Антоан Гриезман во своите редови откако Барселона понудила размена за услугите на Жоао Феликс. Јорганџиите немаат намера да го изгубат суперталентираниот Феликс за кого платија 126 милиони евра минатото лето, кој дојде како замена токму за францускиот офанзивец.

Иако Каталонците потрошија 120 милиони евра за Гриезман, тој не ги оправда средствата во првата сезона на „Камп ноу“, па целта на претседателот Бартомеу била да се ослободат од неговата огромна плата, а за возврат да добијат идна ѕвезда.

Инаку, Гриезман и Феликс беа меѓу разочарувањата во Ла Лига за минатата сезона, и двајцата не ги оправдаа очекувањата.

 

- Оглас -

Најнови вести