Барселона вечерва од 18.30 часот против Реал Сосиедад ќе може да смета на најдобриот млад фудбалер на светот Ламин Јамал.
Ова е добра вест за тренерот Ханси Флик кој не може да смета на повредените Жоан Гарсија, Рафиња, Тер Штеген, Гави и Фермин.
Јамал се враќа во тимот по неколку натпревари пауза. Алехандро Балде сè уште го нема, иако тренира со тимот, и ќе го чуваат за дуелот со ПСЖ.
На голот ќе биде Војчех Шчесни кој конечно ја дочека својата шанса и првпат сезонава ќе биде меѓу стативите.