-2.2 C
Skopje
четврток, 8 јануари 2026

Барса прелесно до финале, Баскијците нерамноправен ривал

Барселона за 16 минути, од 22-ра до 38-ма минута постигна четири гола и со тоа рано го реши победникот во првото полуфинале на шпанскиот фудбалски Суперкуп, чија завршница се игра во Саудиска Арабија.

Конечните 5-0 на Барса против Атлетик Билбао покажуваат кој беше кој во оваа нерамноправна пресметка.

Феран Торес ја отвори голеадата, продолжи Фермин Лопес кој имаше и две асистенции, а во листата на стрелци се запишаа и Руни Бардгџи и Рафиња. Билбао 19 години немаше примено на еден меч четири гола во прво полувреме. Петтиот гол беше дело на Рафиња кој подоцна беше повлечен од игра.

Ињаки Вилијамс беше исвиркан од публиката поради неговото јавно негодување што Суперкупот на Шпанија се игра во Саудиска Арабија.

Во финалето, Барса трофејот ќе го брани против Реал или Атлетико Мадрид, мадридското дерби е утревечер во Џеда.

- Оглас -

Најнови вести