9.8 C
Skopje
сабота, 6 декември 2025

Барса пукна петарда во чест на Флик, па се релаксираше во финишот

Барселона извојува победа од 5-3 на гостувањето кај Бетис, и ова е првпат од 2008 (тогаш против Мурсија) наваму Барса да слави на лигашки меч со овој резултат, додека Бетис имаше ваков пораз и пред седум години против Реал Мадрид.

Каталонците имаат шест победи по ред и го држат врвот на табелата во Ла Лига. Феран Торес направи хет-трик уште во првото полувреме, Јамал од пенал зголеми на 5-1, а во финишот домашните со два гола го ублажија поразот.

Тренерот Мануел Пелегрини има очаен скор во кариерата од 27 порази на 39 средби со Барса.

Бетис беше единствениот тим против кој Флик немаше победа како тренер на Барса, па и тој малер е разбиен. Барселона има 59 победи откако тренер на тимот е Ханси Флик, а од тие, 19 (шест сезонава) беа со пресврти. Каталонците првпат во нивната историја добија три меча по ред на кои губеле со 0-1.

- Оглас -

Најнови вести