Барса реагираше во последен час, Мемфис и Гарсија се достапни за стартот на сезоната

Барселона навремено издејствува и делумно ги регулира финансиите за да може да ги регистрира двајцата нови играчи, Мемфис Депај и Ерик Гарсија, за стартот на новата сезона во Ла Лига.

Од Шпанија пристигнаа информации дека до утре сите документи ќе се финализираат, па Куман ќе може да смета на Мемфис и Гарсија за премиерниот меч против Сосиедад кој е предвиден за в недела. Ова е добра вест за Барселона бидејќи им почнува ерата и живот по Лионел Меси, кој веќе започна нова авантура со ПСЖ, а новите аквизиции и тоа како ќе треба да се потрудат да го покријат неговото отсуство,

Останува уште да се направи место за бекот Емерсон како и искусниот напаѓач Серхио Агуеро, кај кого е потврдена повреда на листот и ќе паузира најмалу 10 недели. На клубот не му се брза да го регистрира Аргентинецот, ќе може да го стори тоа во првите денови од септември кога ќе се потврдуваат комплетните листи на првотимци кај шпанските прволигаши за претстојната сезона 2021/22.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести