9.8 C
Skopje
недела, 25 јануари 2026

Барса се мачеше да поведе, а кога даде прв гол, „фенерџијата“ се предаде

Барселона го совлада последнопласираниот Овиедо со 3-0 и се врати на првото место во шпанската Ла Лига со еден бод повеќе од ривалот Реал Мадрид.

Каталонците 51 минута не можеа да го скршат отпорот на гостите, а тогаш со петминутен „блицкриг“ од 52-ра до 57-ма минута и голови на Олмо и Рафиња (има 9 голови на последните 10 меча), го решија прашањето на победникот и Овиедо немаше шанса да остане непоразен. Барса првпат после 30 години, успеа во иста сезона двапати да го победи Овиедо.

Точка стави Ламин Јамал со убав гол со полуножички, негов 11-ти сезонава во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести