Барса се сеири со Модриќ: Ако сакаш дрес од Меси, купи си…

Барселона ќе игра уште едно финале во Купот на Кралот откако пред два дена го совлада Реал Мадрид во возвраниот дуел во полуфиналето со 3-0. Иако „кралевите“ можеа во неколку наврати да поведат во првиот дел, „каталонците“ беа тие кои ги искористија шансите и уште еднаш славеа на „Сантијаго Бернабеу“.

Откако си замина Кристијано Роналдо, фановите на Реал се надеваат во еден играч кој треба да биде клучен во ваките натпревари, поточно на „Ел класико“, тоа е освојувачот на Златната топка, Лука Модриќ. Во текот на мечот Хрватот се најде во ситуација да го спречи Лео Меси, фудбалерот кој има пет Златни топки во кариерата, но за жал, Модриќ ниту со влечење за дресот не можеше да му парира на Аргентинецот.

Моментот е овековечен со фотографија, а истата се најде како извор за сеир. Човекот кој е задолжен за официјалниот „Твитер“ профил на Барселона, ја објави фотографијата со наслов: Ако толку сакаш дрес од Меси, можеш да си купиш преку нашата онлајн продавница, полесно е.

https://twitter.com/FCBarcelona/status/1101277140631339008?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1101277140631339008&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FFudbal%2FPrimera%2Fa268735-Barsa-ismeva-Modrica-Ako-hoces-Mesijev-dres.html

Шпанскиот првак утре повторно гостува во Мадрид, овојпат „Ел класико“ ќе се игра во рамките од 26-тото коло во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести