Барса се заштити, Педри официјално останува до јуни 2026 година

Педро Гонзалес, познат под прекарот Педри, се согласи на договор со Барселона до 30 јуни 2026 година. Со ова и со откупната клаузула од 1 милијарда евра, Каталонците го врзаа еден од најголемите таленти во светскиот фудбал на подолг период, без да стравуваат дека може да се пресели во друг клуб.

Официјалното потпишување на договорот е закажано за утре. Педри во август 2020 стана член на Барса и веќе како 18-годишник е незаменлив првотимец. Педри во минатата сезона одигра дури 53 меча за Барселона, што е клупски рекорд. Тој е и четврти најмлад стрелец во клупската историја и најмлад шпански репрезентативец кој настапил на Европско првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести