Чави Ернандес, тренерот на Барселона, отпатува без Жил Кунде за Сан Себастијан каде вечерва гостува кај Реал Сосиедад во рамките од второто коло во Ла Лига.
Барса не успеа да го регистрира францускиот стопер и за овој дуел, откако минатиот викенд ја пропушти и премиерата против Рајо Валјекано во блескавиот настап на Столе Димитриевски. Само Кунде не е на листата играчи кои вечерва конкурираат за настап, воедно тој е последното засилување на Барса за кое уште се чека регистрација.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1561266627345276929
Отсутни уште се Дест, Умтити и Брајтвајт, со кои клубот во најскоро време треба да се раздели, додека пак во составот се Мемфис Депај и Пјер-Емерик Обамејанг, а токму од нив двајца зависи регистрацијата на Кунде. Мемфис и Обамејанг се на излезна врата, во наредните 10 дека се очекува нивно заминување од „Камп ноу“, по што новиот стопер на Каталонците ќе може да биде вклучен во натпреварувањата за претстојната сезона.