Барса си е Барса – Оскар е подготвен да се откаже од 20 милиони евра и да игра за минималец

Бразилскиот фудбалски ас, Оскар дос Сантос, е подготвен да се откаже од огромната годишна плата од 20 милиони евра што ја има во кинескиот клуб Шангај порт и да се врати повторно во Европа, во Барселона, каде што би играл за минималец од еден милион евра.

Сличен потег направи ветеранот и негов сонародник Дани Алвес, кој направи камбек во Барселона и игра за минимална плата од еден милион евра.

Оскар, кој има 30 години, во 2017 година го напушти Челзи и потпиша за Шангај порт за сума од 50 милиони евра, но сега сака да направи камбек во европскиот фудбал.

Барселона има проблеми со финансиите и сè уште чека да го регистрира Феран Торес, кој беше купен од Манчестер сити оваа зима, па Оскар најави дека нема да влијае на клупскиот буџет и дека е подготвен да игра за минимална годишна плата.

 

- Оглас -

Најнови вести