23.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Во Шпанија ќе има нов лидер, турскиот првак не смее да испадне

1614 Манчестер јунајтед – Рома (21 ч.)

Ова треба да е меч на кој домаќините без многу проблеми треба да стигнат до победата. Тоа го вели и традицијата на меѓусебните дуели, но и моменталната форма во која се наоѓаат двата тима. Манчестер јунајтед има пет победи и едно реми во последните шест средби, додека Рома нема победа на последните четири дуели.

Што се однесува до меѓусебниот скор, Црвените ѓаволи доминираат и имаат пет победи, едно нерешено и само еден пораз од Рома. На четири меча одиграни на „Олд Трафорд“, Римската волчица секогаш си заминувала поразена.

Предлог тип: 1 (1.73) – Супер тип во Sport Life

 

6022 Вилјареал – Арсенал (21 ч.)

Ова може да се очекува да биде многу понеизвесно полуфинале во Лигата на Европа. Вилјареал игра фајтерски фудбал без многу калкулации, па нерешено нема одиграно на последните 14 дуели (девет победи и пет порази). Во 27 средби во сите натпреварувања во 2021 година, Вилјареал само на три дуели не постигнал гол, што најавува офанзивна игра на домаќините.

Арсенал двапати ја има елиминирано Жолтата подморница во нокаут-фаза од мечевите на УЕФА, па и сега очекува да се најде во финалето на ЛЕ. Двата меча што Топчиите досега ги одиграа на теренот на Вилјареал завршиле нерешено, а дома победувале.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.91)

 

1302 Барселона – Гранада (19 ч.)

Барселона има голем императив пред себе. Со победа, каталонскиот гигант ќе се искачи на лидерската позиција во шпанското првенство, и тоа на пет кола до крајот. Гранада е комотна на осмото место и без резултатски притисок ќе се обиде да изненади на „Камп ноу“.

Традицијата вели дека Барселона дома ги добила сите седум меча против Гранада, а четирипати тоа било убедливо со по минимум четири дадени гола.

Предлог тип: 1&2+ второ (1.75)

 

1813 Хамбургер – Карлсруе (18:30 ч.)

За домаќините ова е меч кој мора да се добие. Хамбургер е трет во Цвајте, а тоа е последното место кое може да донесе пласман во Бундеслигата за следната сезона. Карлсруе е на средината на табелата, тим кој во последните шест кола има пет нерешени и еден пораз.

На седум од последните 10 дуели, Карлсруе одигра со 0-1 гол, па може да се очекува дека и овојпат тактиката на гостите ќе биде да играат со цврста одбрана и преку контранапади да го загрозат противникот. Сепак, реално Хамбургер е фаворит и бодовите повеќе му требаат.

Предлог тип: 0-1 I& 0-2 II (1.99)

 

1957 Ерзурум – Башакшехир (15:00 ч.)

Ова е дерби на дното во турското првенство. Актуелниот турски првак Башакшехир, сега е во ситуација да се бори да не испадне од елитното друштво, а Ерзурум е ривал кој има еднаков број бодови (по 37 бода) и е во зоната за испаѓање.

Ерзурум е најлошиот домаќин и сезонава, има само две победи во 18 меча, што секако е шанса за шампионот. Давањето гол е најтешка задача за двата тима сезонава, а трите меѓусебни меча завршиле со 0-2 гола.

Предлог тип: Х2&0-2 (2.25)

 

- Оглас -

Најнови вести