1006 Ливерпул – Нотингам ф. (16.00 часот)
Шумарите тотално разочаруваат сезонава, претпоследни се на табелата, а таман почнаа да се будат и освоија четири бода во претходните две кола, им доаѓа пеколно гостување кај првакот. Црвените заостануваат осум бода зад лидерот Арсенал и немаат право на кикс. Ливерпул е тим кој нема ниеден нерешен резултат сезонава. Последните три дуели на овие два тима беа со 0-2 гола. Ливерпул минатата сезона не успеа да го победи Нотингам. Последната победа на Форест на гости беше на 18-ти мај.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.35)
1303 Барселона – Атлетик Б. (16.15 часот)
Каталонците после две и пол години повторно ќе играат на својот „Камп Ноу“ и тоа ќе им биде огромен мотив. Барса е тим кој често дава голови во прво полувреме и реално да сакаат да ги задоволат фановите и попладнево. Проблем за Барса е што во средниот ред ќе ги нема главните организатори Педри и Де Јонг, во аут е и Рашфорд, но се враќа Рафиња. На мечевите на Барса сезонава, уште од август не се случило да не паднат барем три гола. Билбао во 2018 последен пат остана непоразен на гостување кај Барса.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.75)
3003 Фиорентина – Јувентус (18.00 часот)
Виолетовите немаат ниедна победа во 11 кола, последни се на табелата во Серија А. Овие два тима имаат вкупно 11 ремија сезонава. Јуве во минатата сезона загуби во Фиренца со 0-3. За фановите на Фиорентина, Старата дама е најомразен противник и домашните сигурно ќе имаат силна поддршка од трибините, но тешко дека првата победа би ја извојуваале токму против најтрофејниот. Со реми веројатно нема да бидат незадоволни ни едните ни другите.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.95)
1007 Њукасл – Манчестер сити (18.30 часот)
Њукасл има три порази на последните четири меча, додека Сити има четири победи на последните пет меча во Премиер лигата. Граѓаните благодарение на Халанд се најефикасен тим во лигата, а Чавките имаат солидна одбрана, 14 примени голови на 11 меча. Њукасл е опасен домаќин, ги доби последните пет средби на „Сент Џејмс Парк“ во сите натпреварувања. Њукасл шест години нема лигашка победа дома над Сити.
Предлог тип: 1+I & 3+ (1.88)
3004 Наполи – Аталанта (20.45 часот)
Наполитанците во минатото коло кое се играше пред репрезентативната пауза, го загубија првото место во Серија А и сега се четврти. Наполи не победил на меч во Серија А уште од 28-ми октомври. И Аталанта е во криза, губеше во претходните две кола, а тоа е тим кој има дури седум ремија во 11 кола и далеку се од борба за врвот. Аталанта победуваше на последните две гостувања во Неапол и тоа убедливо со по 3-0, но тоа беа мечеви во 2024 година. Во 2019 беше последниот пат кога меѓусебен дуел на овие тимови заврши нерешено.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.19)

