Барселона направи клучна серија од 8:0 во поени само за три минути во финишот на мечот против ЦСКА Москва, победи со 82:80 и прекина црна серија од 8 години без победа во Москва против актуелниот европски првак.
Никола Миротиќ со 23 поени и 8 скока беше клучниот играч во големиот успех на шпанскиот тим, со што Барселона остана во игра за првото место по регуларниот дел од Евролигата. Црногорецот погоди за победа на една секудна до крајот на мечот.
https://twitter.com/EuroLeague/status/1233087459103137792?s=20
ЦСКА имаше предност од 72:68 на помалку од пет минути до крајот, но во следниот период од околу 200 секунди не постигна ниту еден кош, а прими 8, што донесе до пресврт во корист на гостите кои поведоа со 76:72.
Драмата продолжи, а Мајк Џејмс со тројка на пет секунди до крајот израмни на 80:80, но Миротиќ не се предаде и со поени пред звукот на сирената ѝ донесе голем триумф на Барса.
Малку претходно, во меч за избегнување на последното место, Баерн го победи Зенит на гости со 77:68.