Барса супер пресврти за 3:2 прави само на гости

Погодокот на Луис Суарес во 91 минута со кој Барселона го доби гостувањето кај Рајо Валјекано со 3:2, ги однесе каталонците на комотни четири поени предност на врвот на табелата, го искористија ремито на Атлетико за да се одлепат, но за нив најважно е што редат победи и без лидерот Лионел Меси.

Барселона ги доби сите мечеви откако се повреди Меси. Синоќа против Рајо, Барса даде три гола, а сите три асистенции беа на одбранбени играчи. Така на пример Џерард Пике, ја имаше првата асистенција после две ипол години.

Нивото на игра во отсуство на Меси многу го крена Суарес, кој се изнадава голови во последно време, а има низа и од три меча по ред на кои погодува статива или пречка. Уругваецот со 159 гола, го надмина Жозеп Аскола и сега е петти стрелец во историјата на клубот. Пред него се само Меси, Сезар, Кубала и Самитиер.

Она по што ќе се памети мечот, е пресвртот во самиот финиш. Рајо водеше со 2-1 до 87 минута, но во финишот попушти дефанзивата на малиот мадридски клуб, па наместо славење на голема победа, после мечот беа во голема тага.

Барселона ваков пресврт не направила од 29 септември 2012 година. Тогаш на гости против Севилја, каталонците истотака губеа со 1-2, но во 89 минута Фабрегас изедначи на 2-2, а во 93 минута Давид Вилја погоди за победа на Барса од 3:2.

- Оглас -

Најнови вести