Барса уште помоќна: Се врати Арбинес

Барселона потврди уште еден ангажман со кој го комплетираа веќе моќниот тим за новата сезона. Во редовите на каталонскиот гигант се врати Алекс Арбинес, Шпанецот кој изминативе три сезони го носеше дресот на Оклахома сити тандер.

Тандерс во февруари го раскинаа договорот со Арбинес, а откако не најде нов ангажман преку Барата, тој се врати во Барселона, каде што потпиша двегодишен договор.

Тренерот Светислав Пешиќ ќе има огромен талент на располагање бидејќи претходно Барса ги реализираше преселбите на Кори Хигинс, Брендон Дејвис и Никола Миротиќ, додека ги продолжија договорите на Ертел, Клавер и Ханга.

Во трите сезони, Арибас настапи на 174 натпревари во НБА-лигата, во кои постигнуваше по 5,3 поени просечно по натпревар. Арбинес претходно од 2012 до 2016 година освои три пехари со Барса – една титула во шпанското првенство, Кралскиот куп и Суперкупот.

- Оглас -

Најнови вести