Фудбалската експедиција на Барселона утре патува за Лисабон на завршницата на Лигата на шампионите, а Каталонците дома имаат проблеми со корона-вирусот.
Еден од деветтемина играчи што требаше денеска да ги почнат подготовките за новата сезона има позитивен тест на ковид-19.
Ниту еден од овие играчи не е на списокот со патници за Лисабон, каде што Барселона ќе игра четвртфинале со Баерн, задутре на 14 август од 21 часот.
Од клубот информираа дека фудбалерот што не е именуван е веќе во карантин и додаваат дека немал контакти со играчите што ќе заминат за Лисабон во текот на утрешниот ден.
Ако Барселона го елиминира Баерн, ќе игра со победникот од мечот меѓу Манчестер сити и Лион за пласман во големото финале закажано за 23 август на стадионот „Луж“ во Лисабон.