14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Барса во Белград урна клупски рекорд стар 74 години

Фудбалерите на Барселона синоќа ја декласираа Црвена ѕвезда на стадионот „Рајко Митиќ“ со 2-5 во четвртото коло на Лигата на шампионите.

Со уште една блескава и ефикасна партија во тековната сезона, избраниците на Ханси Флик успеаја да го урнат клупскиот рекорд стар 74 години.

Барса успеа да постигне 55 гола во првите 16 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. Ова им успеа за првпат по сезоната 1950/51, кога тимот го предводеше легендарниот Словак, Фердинанд Даучик.


Тогаш неговата Барселона постигна 54 гола во првите 16 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести