Барселона го надигра Кил со 34-30 во второто полуфинале во ракометната Лига на шампиони, и ќе игра во големото финале против полски Кјелце. Барса последниот пораз го има претрпено уште во ноември минатата година, кога загуби токму од Кјелце.
Шпанско-германската пресметка во Келн им припадна на Каталонците, благодарение на подобрата игра во второто полувреме. Во првото полувреме, најголемата предност беше два гола разлика, но во вториот дел, со серија од 6-2, Барса се одлепи на 29-24 и Кил беше немоќен да се врати.
Алеиш Гомес Абелјо беше најефикасен поединец на дуелот, го уништи голманот Ландин, и постигна дури 12 гола од 13 шута. Ниту еден друг ракометар на Барса не постигна повеќе од 4 гола.