Барсегјан и Слован Братислава се неверојатни, го „завртеа“ и Ференцварош со голови во фото-финиш

Поранешниот играч на Вардар, Тигран Барсегјан, игра неверојатно добро во квалификациите за Лигата на шампионите, а заедно со соиграчите од Слован Братислава го репризираа претходниот подвиг против Динамо Батуми и денеска со Ференцварош и пак победија на гости со 2:1.

Унгарците водеа со голот на Закаријасен постигнат во 70-тата минута, а Кешија израмни со погодок во 81-вата минута.

Првакот на Словачка повторно потврди дека е опасен кога губи и знае да направи целосен пресврт, а вечерва тоа го стори Барсегјан со победнички гол во 86-тата минута.

Реваншот од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите ќе се игра за една седмица во Братислава, а Слован и во претходното коло приреди сличен подвиг.

Тогаш во Батуми, Грузија, губеа во продолженијата со гол примен во 104-тата минута, а сепак победија, и тоа со головите на Барсегјан во 115-тата минута и на Вајс во 123-тата минута и минаа понатаму.

Пред мечот, хулиганите на Ференцварош се обидоа да го нападнат гостинскиот автобус, но беа спречени од полицијата.

Вечерва во досега одиграните први дуели од второто квалификациско коло, П’лзењ го победи Хелсинки со 2:1 на гости, а нерешено 0:0 завршија дуелите Динамо Киев – Фенербахче и Марибор – Шериф Тираспол и 1:1 мечот меѓу Макаби Хаифа и Олимпијакос.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести