Гризман си подари гол за роденден против поранешниот тим, Барса убедливо маршираше на „Аноета“ (Видео)

Антоан Гризман си се почести со погодок за 30-от роденден, а погоди против својот поранешен тим Реал Сосиедад и најави гол-шоу на Барселона.

Каталонците убедливо маршираа на култната „Аноета“ и го декласираа домаќинот со 6:1. Гризман погоди прв во 37. минута и стана само 12-от фудбалер на Барселона што постигнал гол на ден на кој се славел роденден.

Шоуто го продолжи Серџо Дест со два гола по ред, па се запиша и Лионел Меси со 22 гол во Ла Лига сезонава, честа да ја означи петардата му припадна на Дембеле, а Меси со нов погодок стави печат на уверливиот триумф на гостите.

Баренечеа беше стелец на почесниот гол за Реал Сосиедад во еден од најтешките порази на екипата од Сан Себастијан.

Барселона повторно се врати на второто место во шпанското првенство со 62 бода, четири помалку од Атлетико Мадрид и два повеќе од Реал Мадрид.

Сосиедад остана на петтото место сега заедно со Бетис со по 45 бода.

Во исто време од 21 часот вечерва се играше француското дерби меѓу Лион и Пари Сен Жермен, а славеа гостите со 2:4.

- Оглас -

Најнови вести