Барселона бесплатно го губи својот дијамант?

Барселона оваа сезона има големи проблеми на финасиски план и мора да ги крати трошоците за платите на фудбалерите. Тоа беше и причината поради која беше поништен професионалниот договор на Гави. Фудбалерот имаше младински договор, но кога го потпиша професионалниот, тој беше поништен од Ла Лига и од надлежниот суд. Тоа значи дека налето најверојатно неговиот договор ќе биде комплетно поништен и ќе биде слободен играч.

Барселона секако не сака тоа да се случи и ќе се обиде да го задржи фудбалерот во својата екипа. Гави во Барселона пристигна во 2015 година, кога имаше само 11 години, од младинската школа на Бетис и ги мина сите младински категории на гордоста на Каталонија, но и на шпанската репрезентација.

Сега во игра за негов потпис се вклучува Челзи, и тоа преку Луис Енрике, кој е најголем фаворит налето да го преземе кормилото на премиерлигашот. Информацииите од шпанските, но и англиските медиуми се дека раководството на клубот е подготвено да го одврзе кесето и по секоја цена да го доведе на „Стемфорд бриџ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести