20.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Барселона без Де Јонг на мечот против Валенсија

Барселона објави официјално соопштение дека Френки де Јонг е повреден. Холандскиот играч за врска се здобил со проблемот за време на подготовките со националниот тим, поради што не настапи на мечот против Литванија, кој Лалињата го добија со 2-3.

„Играчот Френки де Јонг има лесна повреда на мускулот на десната нога. Неговото враќање на терен ќе зависи од процесот на рехабилитација“, соопшти клубот.
Фудбалерот веќе се врати во Барселона, каде што мина детални лекарски прегледи.

Според „Мундо Депортиво“, повредата навистина не е сериозна, но Де Јонг не тренирал денеска во клупската база и речиси сигурно ќе го пропушти дуелот со Валенсија во недела.

Каталонците не сакаат да ризикуваат со негово прерано враќање, бидејќи целта е да биде целосно подготвен за тешкото гостување кај Њукасл на 18 септември во првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Ова е дополнителна главоболка за тренерот Ханси Флик, кој веќе остана без Алехандро Балде поради повреда, а состојбата на Гави исто така е полоша од очекуваното. Сите тие ќе го прескокнат натпреварот со Валенсија.

- Оглас -

Најнови вести