4.8 C
Skopje
понеделник, 1 декември 2025

Барселона без дефанзивецот против Атлетико: „Психички е исцрпен, му треба време да се опорави“

Новиот лидер во Ла Лига и актуелен шампион на Шпанија, Барселона, во вторник ја очекува исклучително тежок натпревар против Атлетико Мадрид на домашен терен. Ханси Флик нема да може да смета на дефанзивецот Роналд Араухо, кој беше еден од трагичарите во катастрофата од Челзи.

Уругваецот има психички проблеми и побарал од стручниот штаб и од раководството на клубот да одмори и да не бил дел од екипата на следните неколку натпревари. Во вакви ситуации многу тешко да се предвиди колку би отсуствувал од терените, бидејќи никој не може да предвиди колку време ќе му биде потребно да се опорави.

„Сакам да го охрабрам Араухо. Многу го критикуваат и мислам дека тоа не е праведно. Дава се од себе на теренот, капитен е и сега мора да го преброди овој момент, бидејќи се работи за многу емотивна личност. Тешко му е и сакам да му порачам дека сите сме со него, дека мора да сврти нова страница, бидејќи сите тука добиваме или губиме и никогаш нема одговорност само кај поединец.“ – вели претседателот на „каталонците“, Жоан Лапорта.

- Оглас -

Најнови вести