Ниту Барселона, ниту Нејмар не се откажуваат од идејата повторно да бидат заедно. Бразилецот најави дека сака да си оди од Пари Сен Жермен и дека најголема желба му е враќањето во каталонскиот гигант. Од Барселона прават напори да го вратат Нејмар, за повторно да биде во трио со Лионел Меси и Луис Суарес.
Пари Сен Жермен одби неколку варијанти кои ги понуди Барселона, а една сепак остана во оптек. Од Барселона нудат 100 милиони евра во готово, плус ПСЖ да си одбере двајца играчи кои сакаат да ги имаат во нивниот тим. На листата се наоѓаат шест играчи, а на францускиот првак му останува да одбере која опција му е најповолна. Кутињо, Дембеле, Ракитиќ, Семедо, Малком и уште еден играч се дадени како опција само треба ПСЖ да одбере.
Челниците на ПСЖ објаснија дека нив им се потребни пари, а не играчи, но сепак ова е многу добра варијанта. ПСЖ може да ги собере Кутињо и Дембеле, играчи за кои Барселона прави повеќе од 100 милиони евра. Тоа значи дека со кешираните 100 милиони евра и со трансфери на двајца играчи кои вредат над 100 милиони евра, тогаш тоа би било трансфер од над 300 милиони евра.
Barcelona have made a bid of €100 million + 2 players for Neymar 💰
PSG have been offered the choice of Philippe Coutinho, Ousmane Dembele, Malcom, Ivan Rakitic, Nelson Semedo and one other player 👀
[Source: Sky Germany] pic.twitter.com/EJs61rsqRo
— GOAL (@goal) July 18, 2019