13.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Барселона даде пет гола, но загуби пет милиони евра

Барселона одигра одличен меч на „Камп Ноу“ и со 5:1 славеше против Алавес, па каталонскиот гигант се искачи на второто место во Примера дивисион. Капитенот Лионел Меси беше вистински предводник на теренот со два гола, колку што постигна и Тринкао.

Иако ова беше фантастичен дуел за Барселона, токму на овој меч Каталонците останаа покуси за пет милиони евра. Тоа се случи откако во 81 минута во игра влезе Усман Дембеле. За Дембеле ова беше јубилеен 100-ти меч во дресот на Барселона, а со тоа се исполни и условот според кој Борусија Дортмунд треба да заработи дополнителни пет милиони евра од трансферот на Дембеле.

Кога бил потпишан договорот за трансфер на Дембеле од Борусија Дортмунд во Барселона, постоела клаузула според која каталонскиот гигант на англискиот тим треба да му исплати пет милиони евра, ако фудбалерот стигне до 100 натпревари во дресот на Барселона.

Токму тоа се случи вечерва, Дембеле ги одигра последните 10-тина минути и заокружи 100 средби во дресот на некогашниот европски првак.

- Оглас -

Најнови вести