Барселона даде три гола во период од 11 минути, но тоа засега не е најефикасен меч во ЛШ

Барселона има убедливо водство со 3:0 против Антверпен, и тоа со голови постигнати во првите 22 минути од мечот во каталонската престолнина. Фаворитот тргна силовито Жоао Феликс погоди за 1:0 во 11-тата минута, а потоа Левандовски зголеми на 2:0 во 19-тата минута, а веќе во 22-рата минута беше 3:0 благодарение на автогол на гостите.

Три гола даде и Порто, и тоа на гости кај Шахтар. Португалскиот тим има предност од 3:1, а на гости води и Атлетико Мадрид против Лацио на „Олимпико“.

Црвена ѕвезда одолеа во првите 40 минути на гостувањето во Манчестер против Сити и нема голови, а без погодоци до овој период од играта е и на мечевите: Феенорд – Селтик и ПСЖ – Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести