35.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Барселона денес веројатно ќе го реши проблемот со Кунде

Барселона денес веројатно ќе стигне навреме да го регистрира Жил Кунде за да биде во конкуренција за настап против Валјадолид во недела. Фрустрациите растеа како што одминуваа првите две кола, Французинот остана единствен нерегистрирач играч од новите засилувања на Каталонците, но тој проблем денес ќе се реши со помош на Обамејанг.

Управата изгледа ќе попушти и наместо да бара 30 милиони евра, ќе го прифати пакетот на Челзи од 22+5 милиони евра за искусниот голгетер да се врати на Островот, каде што претходно настапуваше во дресот на Арсенал. Овој трансфер и дефинитивно ќе ѝ помогне на Барселона да ги регулира финансиите и да го направи Кунде достапен за тренерот Чави.

- Оглас -

Најнови вести