28.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Барселона деветпати го понижила Реал во 21 век, Кралевите само со една победа од три разлика

Барселона за првпат по три години се радуваше на Ел Класико против Реал, и тоа на „Сантијаго Бернабеу“. Каталонците не само што ја прекинаа низата на противникот, туку на убедлив начин со 4:0 си заминаа од Мадрид.

Ова е првпат од 1986 година Барселона да му даде четири гола на Реал во Мадрид, а во составот да го нема Лионел Меси. Во дресот на Барселона има некои нови момци, а на клупата е Чави Ернандес, кој постави еден редок рекорд.

Триумфот од 4:0 за Барселона на Ел Класико и не е некое големо чудо затоа што во 21 век, каталонскиот гигант го има победува Реал и поубедливо. Ако се следат победите со три или повеќе голови разлика, Барселона е кошмар за Реал во изминативе две децении.

Каталонците дури деветпати победувале со три или повеќе голови во Ел Класико. Барселона има четири победи со по 3:0, две со 4:0 и по еднаш со 5:0, 5:1 и 6:2. Во истиот овој период, Реал само еднаш ја победил Барселона барем со три разлика и тоа се случило во 2008 година, кога беше 4:1 за мадриѓаните.

- Оглас -

Најнови вести