Фудбалскиот клуб Барселона овој викенд се враќа на „Камп ноу“ за првпат по 28 мај 2023 година.
Голема вест и за клубот и за навивачите, кои ќе ги исполнат достапните места на „Камп ноу“ на дуелот против Атлетик Билбао. Се очекуваат околу 45.000 гледачи на натпреварот од Ла Лига, а по потврдувањето на таа информација пристигна и добра вест од УЕФА.
Европската куќа на фудбалот направи исклучок и ѝ дозволи на Барселона да се пресели на „Камп ноу“, иако досегашните домашни натпревари од Лигата на шампионите ги играше на „Монжуик“. Барселона побара од УЕФА да ѝ дозволи враќање на својот матичен стадион затоа што отворањето се одолговлече поради недостиг на дозвола од градските власти.
Така, Барселона на 9 декември ќе игра, официјално, на „Спотифај Камп ноу“ против Ајнтрахт Франкфурт.

