Барселона доби нова ѕвезда, голобрадо момче со два гола го реши Реал Мадрид (Видео)

Барселона со 2:1 го победи вечниот ривал Реал Мадрид во пријателски меч одигран во САД. Пред 80.000 гледачи на стадионот „Метлајф“, Барселона доби нов јунак во името на Пау Виктор кој ги постигна двата гола за каталонскиот гигант.

Младиот 22-годишен офанзивен играч кој минатата сезона настапуваше за Барселона Б, сега доби шанса да биде стартер во Ел Класико дуелот и тоа максимално го искористи. Во 42 минута по едно нафрлување, Левандовски одлично го проигра Виктор, а овој од непосредна близина погоди во празниот гол.

На почетокот на второто полувреме, Барселона ја удвои предноста. И во овој напад Виктор одлично се снајде во петерецот на противникот и погоди за 2:0.

Најголем дел од составот на Барселона беше составен од играчи кои се дел од Барселона Б и од школата на каталонскиот гигант, но овие играчи успеаа да одиграат одличен меч и да донесат радост за фановите на каталонскиот гигант.

Реал Мадрид даде почесен погодок во 82 минута, кога одбраната на Барселона направи голема грешка по еден корнер, а тоа го искористи Нико Паз кој остана сосема сам и погоди во мрежата на противникот.

https://twitter.com/i/status/1819913048766701940

Мечот имаше и подолг прекин откако по само 10-тина минути од почетокот, почна да врне и да има грмотевици, па судијата реши да ги прати фудбалерите во соблекувалната и да чека додека временските услови не бидат поповолни за игра.

Интересно е дека ова беше четврто Ел Класико кое се игра на американско тло и во сите четири ситуации Барселона победувала. Во Мајами во 2017 година беше 2:1, потоа со 1:0 во 2022 година во Лас Вегас, лани во Далас Барселона славеше со 3:0, за сега и во Њу Џерси каталонците да бидат подобри со 2:1.

- Оглас -

Најнови вести