Барселона доби понуда од 80 милиони евра, тоа го прави враќањето на Меси сè поверојатно

Бразилскиот репрезентативец Рафиња се најде на радарот на англискиот премиерлигаш Њукасл, а многумина ова го поврзаа со можното враќање на Лионел Меси на „Камп ноу“.

Според најавите, Њукасл е подготвен да го откупи договорот на Рафиња, кој се проценува на 80 милиони евра. Доколку Барселона ги добие овие пари за Бразилецот, ќе може да ги инвестира во враќање на Меси во своите редови.

Заминувањето на Меси од ПСЖ веќе е реалност затоа што францускиот клуб вчера го суспендираше фудбалерот, што само потврдува дека нивните релации не се на најдобро ниво. Актуелниот договор на Меси со ПСЖ завршува следниот месец и потоа ќе биде слободен играч, па ќе може без отштета да го бира својот нов клуб, а тоа најверојатно ќе биде Барселона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести