14.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Барселона добива 10 милиони евра за фудбалер кој нема одиграно ниту еден официјален меч

Англискиот Борнмут постигна договор со Барселона за трансфер на дефанзивецот Хулијан Араухо. Мексиканскиот десен бек ќе замине во англискиот тим за трансфер вреден 10 милиони евра, открива Фабрицио Романо.

Араухо дојде во Барселона во јануари 2023 година од тимот на Лос Анџелес галакси и првично беше насочен во вториот тим на каталонскиот гигант. Минатата сезона беше даден како позајмен играч во Лас Палмас и едноставно Мексиканецот не доби шанса да заигра на ниту еден меч во првиот тим на Барселона.

И покрај тоа, дефанзивецот кој има 13 настапи за репрезентацијата на Мексико, беше атрактивен за тимот на Борнмут, кој го обврза со повеќегодишен договор.

- Оглас -

Најнови вести