22.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Барселона добива сериозна конкуренција, уште три екипи тргнаа по потписот на капитенот на Јунајтед

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, летово ќе го напушти „Олд Трафорд“, а според шпекулациите, тој ќе се пресели во Барселона. Каталонците се заинтересирани за неговите услуги, а и самиот фудбалер има желба да ја продолжи кариерата во Барселона.

Планот на Манчестер јунајтед беше да го трампа Португалецот на Френки де Јонг, плус да ѝ доплати на Барселона, но сега ситуацијата може да се искомплицира. Три други екипи имаат интерес да го ангажираат Бруно Фернандеш, а се работи за Баерн Минхен, како и за два клуба од Саудиска Арабија, Ал-Хилал и Ал-Итихад.

Сепак, капитенот сè уште има активен договор, а Манчестер јунајтед ќе биде тој што ќе одлучи чија понуда ќе прифати, а потоа и самиот фудбалер ќе треба да ги договори личните услови.

- Оглас -

Најнови вести