-0.2 C
Skopje
петок, 12 декември 2025

Барселона добива вистински ѕвер во нападот, Лаутаро е подготвен да го напушти Интер?!

Ерата на Роберт Левандовски на „Камп ноу“ се ближи до својот крај, а раководството на Барселона е во интензивна потрага по неговиот наследник. Прва желба на Ханси Флик е напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинес, кој важи за еден од најдобрите стрелци во европскиот фудбал и вистински ноќен кошмар за противничките дефанзивци.

Дваесет и осумгодишниот Аргентинец има договор со Интер до 2029 година, а во моментов вреди 85 милиони евра, па во Барселона ќе мора да пронајдат начин како сето тоа да го изведат со оглед на финансиските проблеми.

Според првичните информации, постои контакт помеѓу двете страни, а Лаутаро Мартинес изразил подготвеност да се пресели во Каталонија.

- Оглас -

Најнови вести