Барселона договори големо засилување, но двајца фудбалери ќе мора да го напуштат „Камп ноу“

Централниот дефанзивец на Баер Леверкузен, Џонатан Тах, налето треба да биде ново засилување на Барселона, барем според шпанските медиуми. Договорот на германскиот интернационалец со „Фармацевтите“ истекува на крајот од тековнава сезона, па тој како слободен фудбалер може да се пресели на „Камп ноу“. Интерес за него имаше и од Баерн Минхен, но фудбалерот има џентлменски договор со Баер дека нема да го засили најголемиот ривал.

Сепак, за да може Тах да биде регистриран за Барселона, Каталонците ќе мора да се ослободат од двајца фудбалери. Според медиумите во Шпанија, фудбалерите кои ќе ги напуштат редовите на Каталонците се Ерик Гарсија и Андреас Кристијансен, а раководството на клубот веќе работи на нивната продажба.

- Оглас -

Најнови вести