25.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Барселона договори големо засилување за 2022 година

Барселона сепак ќе ги добие услугите на Дани Олмо, својот поранешен талент кој ја напушти познатата школа „Ла Масија“ како 16-годишен тинејџер. Новинарка на шпанскиот медиум „Ла секста“ тврди дека условите за големиот трансфер се договорени, ѕвездата на Лајпциг прифатила пониска плата и сé ќе се комплетира во 2022 година.

Каталонците се обидоа да го доведат Олмо на „Камп ноу“ и во последните денови од летниот преоден рок, но не беа во можност да ја исплатата бараната сума од 75 милиони евра. По сите изгледи трансферот сепак толку ќе чини, а останува да се види дали Олмо ќе се врати во Барселона уште на полусезона, односно во јануари, или пак ќе се чека следниот летет пазарен период.

https://twitter.com/mariagarridos/status/1433837825439506483

- Оглас -

Најнови вести