Барселона го договори трансферот на Јусуфа Мукоко од Борусија Дортмунд во зимскиот преоден рок, но раководството на Ла Лига ги предупреди Каталонците дека не можат да се засилат со најмладиот германски репрезентативец во историјата, поради финансискиот фер-плеј.
На Барса не и се дозволени трансфери додека не ја среди финансиската ситуација, па сега и останува да го чека летниот преоден рок за да го ангажира 18-годишниот фудбалски бисер роден во Камерун, но со германски пасош и со настапи за германската репрезентација.
Мукоко играше на Мундијалот во Катар, а со настапот против Јапонија со 18 години и три месеци стана најмадиот германски репрезентативец што играл на Светско првенство.
Игра одлично и во Бундеслигата и трансфер во јануарскиот преоден рок и одговараше и на Борусија Дортмунд за да добие пари како отштета.
Мукоко не сака да го продолжи договорот со Милионерите, а понудата е 6 милиони евра годишна пплата и ќе може да си замине бесплатно во јунскиот преоден рок.
За него се заинтересирани и Манчестер јунајтед, Ливерпул, Челзи и Тотенхем, па на Барса нема да и биде лесно во летната трка за Мукоко.