Барселона договори зделка во вредност од една и пол милијарда евра

По долги преговори, Барселона го реши прашањето со техничкиот спонзор. Каталонскиот гигант постигна договор за нов договор со „Најки“ и во следните десет години ќе ја носи опремата на овој спортски бренд.


Според информациите на „Марка“, компанијата „Најки“ ќе ѝ исплати на Барселона околу една и пол милијарда евра во тие десет години.

Веднаш по потпишувањето на договорот, Барселона ќе добие бонус од 150 милиони евра, а секоја сезона во текот на траењето на договорот, на сметката на каталонскиот клуб ќе легнат дополнителни 125 милиони евра. Ова е сериозен чекор за Барселона, која последните десетина години се наоѓа во голема финансиска криза.

Најмногу оваа криза се забележа кога летово Дани Олмо пристигна од Лајпциг и мораше да пропушти натпревари на почетокот на сезоната бидејќи Барселона не можеше да го регистрира додека не продаде некои од играчите за да ги исполни условите на финансискиот ферплеј.


Планот на претседателот Жоан Лапорта е ситуацијата да се стабилизира целосно во следните две години, а договорот со „Најки“ е еден од чекорите во таа насока.

- Оглас -

Најнови вести