6740 Италија – Еквадор (21.00 ч.)
Ова е пријателски натпревар кој ќе се игра во Њу Џерси, САД. Аѕурите се очекува да имаат голема поддршка од трибините поради големата италијанска дијаспора во Њу Џерси, што сигурно ќе претставува дополнителен мотив за избраниците на селекторот Лучано Спалети. Италија пред три дена ја совлада Венецуела со 2:1, додека Еквадор со 2:0 славеше над Гватемала. Досега овие селекции одиграле два меча, првиот на СП 2022 на кој Италија победи со 2:0, а вториот во 2005 кој беше пријателски и заврши без победник (1:1).
Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.55)
5105 Јамајка – Панама (23.00 ч.)
Ова е натпревар за третото место во Конкакаф Лигата на нации. Јамајка во полуфиналето загуби од САД (1:3), а Панама од Мексико (0:3), а интересно е што двете селекции примија по три гола. Последниот меѓусебен меч заврши 3:2. До дуелот со Мексико, Панама имаше серија од девет меча на кои даваше барем еден гол, додека само на еден од последните пет дуели на Јамајка немаше голови.
Предлог тип: ГГ прво/второ (2.30)
1318 Леванте – Елче (18:30 ч.)
Ова е натпревар од втората шпанска лига и тоа меѓу екипи кои пред две сезони играа во Ла Лига, но Елче минатата сезона испадна од најсилната шпанска лига, а Леванте во 2022 година. Леванте се наоѓа на 11-тата позиција на табелата со 44 бода, само пет помалку од местото кое води во баражот за пласман во Ла Лига, додека Елче е третопласиран и брка директен пласман во најсилната шпанска лига.
Елче е во подобра форма, славеше на последните четири меча и доколку освои барем еден бод, ќе скокне на второто место, додека Леванте ремизираше на последните два меча. На нивните дуели, головите се реткост, на последните 24 натпревари немало повеќе од три гола, а последен пат 3+ било во далечната 2002 година.
Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.73)
1382 Реал Мадрид ж. – Барселона (18.00 ч.)
Женското Ел Класико не е налик на машкото бидејќи фудбалерките на каталонскиот тим доминираат во меѓусебните дуели. Барселона славела на сите 15 меѓусебни средби. Единствено во ланскиот шпански Супер куп не победи во 90 минути туку во продолженијата. Сезонава веќе одиграа два меѓусебни меча на кои Барселона има импресивна гол-разлика 9:0, победи со 4:0 во шпанското првенство и со 5:0 во шпанскиот Супер куп.
Предлог тип: 4+ (1.98)
5601 САД – Мексико (02.15 ч.)
Ова е финале во Конкакаф Лигата на нации кое ќе се игра во Далас, САД и воедно е дуел на двете најквалитетни репрезентации во Северна и Средна Америка. САД во полуфиналето по продолженијата ја совлада Јамајка, додека Мексико беше сигурен против Панама. САД ретко губи пред своите гледачи кога игра против Мексико, на последните пет меча има четири победи и едно реми и само на еден имало повеќе од три гола.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.03)