Барселона доминираше во кошаркарското Ел Класико и го освои Купот на Шпанија

Барса е освојувач на кошаркарскиот Куп на Шпанија. Каталонците во финалето го совладаа вечниот ривал Реал Мадрид со 88-73. Клучно беше првото полувреме, во кое тимот на тренерот Шарунас Јасикевичиус имаше предност од 52-31.

Реал не можеше да смета на неколку играчи и овојпат тоа се покажа како голем хендикеп. Петмина играчи на Барса имаа двоцифрен број поени, а кај Реал само двајца. За Каталонците најтежок меч во Купот беше четвртфиналето против Уникаха, кога победија по продолжение. За МВП е прогласен Кори Хигинс, кој во финалето беше прв стрелец со 20 поени.

- Оглас -

Најнови вести