27.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Барселона доживеа шок во преговорите со Баерн за Левандовски

Баерн Минхен нема намера да го пушти Роберт Левандовски во Барселона за помалку од 50 милиони евра откупна клаузула. Каталонскиот гигант последната понуда која ја испрати на адресата на германскиот првак изнесуваше 35 милиони евра, но челниците на Баерн биле категорични, а тоа е дека нема преговори доколку сумата која треба да биде исплатена за Левандовски е помала од 50 милиони евра.

„Засега Левандовски 100 отсто останува во Баерн. На 12 јули е првиот ден од тренинзите за новата сезона и ние го чекаме на тренинг. Секако дека може да ја поправиме ситуацијата со Левандовски. Тој е вистински професионалец кој има договор до јуни 2023 година и со раширени раце го чекаме на тренинг на 12 јули“, вели спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.

Левандовски во Баерн ги помина претходните осум сезони и со баварскиот гигант ги освои сите најзначајни трофеи.

- Оглас -

Најнови вести