Барселона е голем фаворит против Интер, Куп натпревари се играат во Данска, Црна Гора и Русија (Фото)

6002 Барселона – Интер (21:00)

Барселона по победата над Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Куп, како фаворит влегува во мечот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер. Екипата од Милано е во катастрофална форма, нема победа на последните четири меча, а три натпревари во низа губат од Болоња, Милан и Рома. Каталонците во 2025 година имаат само еден пораз, оној од Борусија Дортмунд на реваншот од четвртфиналето од Лигата на шампионите. Она што е интересно за меѓусебните натпревари на овие две екипи, Интер нема победено на гости во Барселона од 1970 година, или цели 55 години.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.85)

 

5633 Ал-Наср – Кавасаки (18:30)

Полуфинале се игра и во азиската Лига на шампиони, а таму екипата на Кристијано Роналдо е голем фаворит против јапонскиот Кавасаки. Португалецот во Саудиска Арабија освои само еден трофеј, во Заливскиот куп, но нема голем трофеј на домашнта или меѓународната сцена, па Лигата на шампионите е приоритет за нив оваа сезона. Доколку Ал-Наср успее да се пласира во финалето, таму за противник ќе го има Ал-Ахли, екипа за која настапува македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.

Предлог тип: 1 & 1+I & 1+II (1.67)

 

3233 Зенит – ЦСКА Москва (19:30)

Во Купот на Русија се среќаваат Зенит и ЦСКА Москва, екипи кои играат во одлична форма во пресрет на овој меч. Домашните се во серија од седум натпревари по ред на коишто немаат пораз, додека гостите имаат двојно повеќе, 14 натпревари без пораз. Сепак, традицијата во меѓусебните дуели е на страната на Зенит, кој нема загубено од денешниот противник на последните четири натпревари.

Предлог тип: 1 (1.61)

 

2821 Брондби – Силкеборг (18:30)

Брондби и Силкеборг го играат првиот меч од полуфиналето на данскиот Куп, дуел во кој домашниот состав влегува како фаворит. Брондби игра во одлична форма и нема пораз на последните седум натпревари, односно веќе 50-тина дена нема загубено. На спротивната страна, Силкеборг игра во променлива форма, а на последниот натпревар загуби со 2-0 од Лингби. Во меѓусебните натпревари, Бронди на последните седум дуели нема загубено од Силекборг.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.85)

 

3655 Морнар – Искра (19:00)

Морнар од Бар веќе е во финалето од Купот на Црна Гора, со оглед на тоа дека има предност од 3-0 од првиот меч на гостински терен против Искра од Даниловград, но денес пред својата публика ќе мора да го потврди тоа. Убедливата победа на гости е само најава за нов убедлив триумф и на домашен терен пред големото финале, во кое за противник ќе го имаат подобриот од двомечот на Петровац и Дечич.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (1.83)

- Оглас -

Најнови вести